Search

Помпео го поздрави усвојувањето на протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО во Сенатот

„Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница, изјави државниот секретар

Усвојувањето на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО во Сенатот ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност и претставува важен чекор напред во напредокот на Северна Македонија кон членство во НАТО, се вели во изјавата на државниот секретар на САД Мајк Помпео, објави Стејт департментот.

„Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на Северна Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО, се вели во изјавата на државниот секретар Помпео.

Треба да знаете
Последни објави