Search

Американските сили не смеат да се задржуваат на територијата на Ирак

Ирак нема да дозволи престој на неговата територија за американските војници, кои се повлекоа од Сирија. Ирачката армија соопшти дека американските сили можат само да транзитираат низ Ирак.

Соопштението на ирачката армија е во спротивност со најавите на Пентагон дека се очекува речиси илјада американски војници кои се повлекоа од северна Сирија да преминат во западниот дел на Ирак и да ја продолжат кампањата против Исламска држава и „да помогнат во одбрана на Ирак”.

Сите американски војници кои се повлекоа од Сирија добија дозвола да влезат во курдистанскиот регион за да можат да бидат транспортирани надвор од Ирак. Не постои дозвола силите да останат во Ирак, се посочува во соопштението на ирачката армија.

Се уште не е познато дали американските војници ќе го користат Ирак како база за покренување на копнени акции во Сирија и извршување на воздушни напади врз ИД.

Во Ирак се стационирани повеќе од 5.000 американски војници кои се задолжени за обука на ирачката армија и да помогнат ИД да не ја поврати контролата врз ирачка територија.

Треба да знаете
Последни објави