Search

Наполи ја совлада Верона, Елмас остана на клупа

Наполи имаше успешна генерална проба пред настапот во фудбалската Лига на шампионите, и со двата гола на Полјакот, Аркадиуш Милик, извојува победа над Верона од 2:0 во меч од италијанската Серија А.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, не влезе во игра, средбата ја следеше од клупата за резерви. Тренерот Карло Анчелоти веројатно го чуваше Елмас за гостувањето кај Салцбург в среда, па не го искористи против Верона, а и немаше голема потреба.

Наполи е четврти на табелата во италијанското првенство, со 16 бода, еден помалку од Аталанта. Напред на првите две места се Јувентус и Интер. Јуве вечерва ќе ја нагости Болоња, додека Интер утре игра со Сасуоло на гостински терен.

Претходно попладнево Лацио и Аталанта одиграа феноменален натпревар со по три гола на двете страни, и со резултатот 3:3, освоија по еден бод .

Гостите од Бергамо одиграа одлично прво полувреме во кое водеа со 3:0, тие истата предност ја одржуваа и до средината на вториот период. Тогаш, работите на теренот се сменија, Лацио од пенал намали на 1:3, а една минута подоцна „орлите” дадоа уште еден гол и дојдоа на 2:3.

Аталанта грчевито се бранеше во обид да ја зачува предноста и да победи, но во 92. минута беше досуден уште еден пенал на римскиот тим, па Чиро Имобиле од белата точка погоди уште еднаш за конечни 3:3. ј

Треба да знаете
Последни објави