Search

Кокшаров не излезе пред новинарите по дебаклот од Веспрем

Вардар доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Веспрем од 39-30 во рамки на 5.коло во Лигата на шампиони.

По натпреварот на официјалната прес-конференција пред медиумите не се појави тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров. Русинот можеби ја презема одговорноста да седне на клупата на тимот по отказот за Давид Писонеро, но не собра храброст да зборува пред новинарите. Иако тој официјално е спортски директор во клубот, ќе биде и тренер додека не биде назначен нов кормилар од клупата.

Да ја брани честа на стручниот штаб му остана на тренерот на голманот Дејан Периќ, кој седна крај Кристијан Дисингер на официјалната прес-конференција.

-Честитки за победата на Веспрем, беше подобар од нас. Игравме дуел во одлична атмосфера, сигурно е задоволтво за секој спортист да се игра во оваа сала. Веспрем тактички беше подобро поставен од нас, а во второто полувреме, иако дојдовме на два гола негатива, сепак, не успеавме да ги загрозиме. Веспрем беше подобар и во напад и во одбрана, па му посакувам среќа понатаму, изјави Периќ.

Треба да знаете
Последни објави