Членови на „Рубикон” упаднаа во простории на министерот за здравство на Грција

Членови на анархистичката група „Рубикон” денеска упаднаа во политичката канцеларија на министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас и фрлија боја и летоци, jави дописничката на МИА од Атина.

– До кукавичките Рубикони кои насилно влетаа во мојата политичка канцеларија и ги заплашија, им се закануваа и ги малтретираа вработените: Не се плашам, напиша Кикиљас на Твитер, заблагодарувајќи му на полицаецот што уапсил еден од четворицата кои ја нападнаа неговата канцеларија.

Грчкиот министер на неговиот Твитер профил објави и фотографии.

Со реакција излезе и заменик министерот под премиерот и портпарол на Владата на Грција, Стелиос Пецас кој истакна дека „Владата не се заплашува” и им порача дека „работите се сменети, насилството нема да се толерира, а беззаконието ќе се елиминира”.

Треба да знаете
Последни објави