Search

Бутел немаше проблеми со Металург 2 во ракометната Суперлига

Екипата на „Бутел” го совлада „Металург 2″ со 29:23 (14:10) во натпревар од ракометната Суперлига. Домашните постојано водеа и рутински ја одржуваа предноста и на крај се радуваа на триумф со шест гола разлика. 

Мајиќ со 7 голови беше прв стрелец кај „Бутел”, а кај вториот тим на Металург се истакна Стојановиќ со 13 погодоци.

По оваа победа, „Бутел” е на трето место со 15 бода од седум меча (пет победи и два порази), а „Металург 2″ е последен со само еден бод (едно реми и шест порази).

Треба да знаете
Последни објави