Search

Концерт на Скопскиот дувачки квинтет во Софија

Скопскиот дувачки квинтет ќе одржи концерт  во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечер од 18:30 часот, на кој ќе изведе дела од Моцарт, Фаркаш, Лјадов, Бизе, Д’Агостини и Смокварски.

Ќе бидат изведени и дела од музичарите Васил Атанасов (обоа), Марија Јакимовска (флејта), Ристо Ѓоревски (кларинет), Орце Ицковски (фагот) и Александар Гошев (хорна).

Скопскиот дувачки квинтет концертира четири децении, а од 2002 година  е раководен од обоистот Васил Атанасов.

Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница, како и дела од македонски автори, некои специјално напишани за овој ансамбл.

Треба да знаете
Последни објави