Search

Со концерт во Ришон Ле Цион заврши турнејата на Филхармонија во Израел

Со концертот во Ришон Ле Цион во близина на Тел Авив на матичната сцена на Израелскиот симфонски оркестар, синоќа заврши неколкудневната турнеја на Филхармонијата на Северна Македонија во Израел.

Пред концертот, во организација на амбасадата на Република Северна Македонија во Израел, се одржа свечен прием, на кој присутните гости ги поздрави министерот за култура Хусни Исмаили.

„Убеден сум дека концертот на Националниот филхармониски оркестар, а по повод одбележувањето на 28 годишнината од независноста на нашата земја Република Северна Македонија, ќе биде само уште една потврда за големиот ангажман и енергијата вложени во развојот на културата, но и поттик и во иднина да продолжиме да работиме на продлабочувањето на соработката меѓу двете земји, отворајќи простор за креирање на нови проекти за промоција на културата, научните и духовните вредности не само на национално туку и на меѓународно ниво“, рече министерот за култура.

Турнејата на Филхармонија во Израел се реализираше со финансиска поддршка на Министерството за култура и амбасадата на Северна Македонија во Израел.

Треба да знаете
Последни објави