Search

Бугарски пратеник: На крајот ќе признаеме и македонски идентитет и македонски јазик

Иво Христов, пратеник на опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), ја искритикува политичката елита во својата земја за односот кон Македонија, нарекувајќи го „тежок провинцијализам“.

-Има некои работи со кои не се тргува. Но, први ја признавме Македонија без услови, а на крајот ќе признаеме сè – и македонскиот идентитет, и македонскиот јазик, изјави професорот за Бугарска национална телевизија (БНТ), пренесува „Експресмк“.

Христов објаснува дека не може да биде рамнодушен кога се зборува за Северна Македонија бидејќи по таткова линија е од Егејска Македонија.

-Станува збор за длабока семејна меморија, и тоа трауматична за мене. За мене прашањето за Македонија е болно. Никој од нас, наследниците на тие Бугари, не му дал право на дел од нас – тие во Скопје, да зборуваат од името на сите што потекнуваат оттаму. Целиот овој проект Македонија е изграден целосно на антибугарска основа! Тука се гледа длабоката некомпетентност и искомплексираност на целата бугарска елита, со мали исклучоци, која не ја разбира длабочината на овој проблем, сметајќи дека тој е нешто странично,вели Христов.

Треба да знаете
Последни објави