Search

Рамос: Одиме на пауза како лидери

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос по натпреварот од 8. коло од шампионатот на Шпанија против Гранада (4:2) порача дека тимот ќе продолжи да работи напорно за да го задржи првото место.

Реал е лидер на табелата со 18 бода.

– Уште една победа и заминуваме на пауза како лидери. Ние ќе продолжиме да работиме напорно и да станеме уште подобри, напиша Рамос на Твитер.

Во националните првенства по викендов следува двонеделна пуза поради репрезентативни настапи.

Треба да знаете
Последни објави