Search

Најмалку 100 убиени на протестите во Ирак

Најмалку 100 луѓе, од кои повеќето демонстранти, се убиени, а 4.000 се повредени во Ирак, од вторникот кога почнаа антивладините протести.

Новиот биланс на жртви го соопшти ирачката владина Комисија за човекови права. Четиринаесет демонстранти биле убиени денеска со огнено оружје на протестите во Багдад каде што припадниците на безбедносните сили пукале во демонстрантите.

Најголем број од жртвите се убиени со огнено оружје, навеле болнички извори и додале дека меѓу нив има шест полицајци, јави агенцијата „Франс прес“.

Во Багдад денеска се одржа протест откако властите го укинаа полицискиот час, кој беше два дена на сила. Освен во Багдад, демонстрации има и во други градови, претежно во јужниот дел на земјата.

Најголем дел од учесниците се млади луѓе кои бараат отворање работни места, сузбивање на корупцијата и функционална јавна служба.

Треба да знаете
Последни објави