Search

Казнети 31 пешак кој не поминувале на пешачки премин

Во текот на 24.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 13 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 22 возачи, од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест возачи – почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 12 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се 31 пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин и 18 пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 66 мандатни платни налози, а  53 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

 

Треба да знаете
Последни објави