Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.Ц.(67) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
На 25.01.2019 на ул.,,Свети Јоаким Осоговски” во Крива Паланка, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што пронашле и одзеле пушка ,,STEYR M95″ калибар 8 мм. Исто така, во с. Дурачка река, кривопаланечко, при претрес во куќа на пријавената, биле пронајдени и одземени 15 куршуми калибар 8X56R, осум куршуми калибар 8X50,5R (Steyr), четири куршуми калибар 7.9 мм, два куршуми калибар 8X57JS и ловен патрон калибар 12, кои ги поседувала без дозвола.