И Вардар имаш лош почеток, но пред гостувањето во Чаир нанижа серија од три победи. „црвено-црните“ не знаат за победа против Шкупи од април 2017. Шкупи кој имаше принудна смена на тренерската клупа на дуелот со Вардар гледа дирекна можност со триумф да ги прескокне на табелата и да се нареди во водечката тројка. Вардар на полседните пет натпреаври нема примено гол, а Шкупи пак тешко го наоѓа патот до мрежата на противниците.
Шкендија против Работнички првпат се израдува на триумф сезонава во Првата лига. Дуелот со Ренова сега е голем тест за тетовските „црвено-црни“ да покажата дали е надмината резултаската криза и се подготвени ќе почната победничка серија или повторно ќе се соочат со проблеми. И Ренвоа по добриот старт в очи на градската пресметка се соочи со два порази.
Работнички е непријатно изнеандување, се најде на дното од табелата и против Македонија ЃП, која пак е пријатно изненадување и високо котира на табелата ќе бара излез од кризата. И оваа локална пресметка двете екипи ќе се обидат да ја искорстат за самодоверба.
ПРВА ЛИГА, 6. КОЛО (15.30 ЧАСОТ)
СКОПЈЕ: Шкупи – Вардар
СКОПЈЕ: Работнички – Македонија ЃП
ТЕТОВО: Ренова – Шкендија
КРАТОВО: Силекс – Борец
СТРУГА: Струга Трим Лум – Академија Пандев
ТАБЕЛА: А. Пандев 13 бода, Македонија ЃП 11, Вардар 10, Шкупи 8, Ренова 7, Струга ТЛ 7, Шкендија 4, Борец 4, Силекс 3, Работнички 3.