Search

Динамо ја торпедираше Аталанта, Звезда немоќна против Баерн

Динамо Загреб се прикажа во феноменално светло вечерва предводен од капитенот и македонски репрезентативец Аријан Адеми откако во Загреб ја прегази италијанска Аталанта со 4:0.

Леовац го отвори резултатот во 10. минута, а до полувремето Орсиќ постигна два гола за убедливи 3:0 по првите 45 минути. Истиот играч во 68. минута го комплетираше својот хет-трик за убедлива победа на „Модрите“ во Лигата на шампионите.

Во истата група Манчестер Сити рутински славеше на гостувањето во Украина кај Шахтјор со 0:3. Стрелци на головите беа Марез, Гундоган и Габриел Жезус.

Во групата Б, Баерн ја пречека Црвена Звезда во Минхен и славеше убедлива победа од 3:0. Очекувано, Баерн ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар, а во водство дојде во 34. минута преку Коман.

Во второто полувреме Баерн ја продолжи својата иницијатива, но како што се приближуваше финишот од мечот и ја препушти топката на Црвена Звезда која се закани во неколку наврати. Сепак, по една грешка на одбраната, Левандовски зголеми на 2:0 во 80. минута.

Конечните 3:0 ги постави Милер во 91. минута од мечот.

Во другиот натпрвар од групата одигран претходно, Олимпијакос и Тотенхем одиграа 2:2.

Треба да знаете
Последни објави