Search

Oпшта тепачка во„Градска“ болница

Поради масовна тепачка која ја предизвикале насилници на повик од незадоволен пациент, скопската болница „Св. Наум Охридски“ била затворена до раните утрински часови, јавува А1он.

Околу 02:00 часот, голема група луѓе ги нападнале болничките служби и полицијата, која била повикани на помош, во поранешна „Градска“ болница. Инцидентот се случил непосредно откако пациентот пристигнал во болницата со расекотина на раката, а потоа група насилници започнала физичка пресметка со персоналот во болницата.

„Имаше голем судир, нападнат е персоналот, обезбедувањето, а потоа беше нападната и полицијата која беше повикана на помош. Тоа беше голема група напаѓачи, немаме точна бројка, пациентот кој ги повика имаше повреда на раката. Настанот се случи околу 2-3 часот. Болницата е затворена за пациенти, за да се избегнат понатамошни инциденти. Кога пристигнав на работа утрово, побарав да се отвори за пациентите да бидат примени во болницата “, рече Иво Спировски, директор на Универзитетската клиника.

Треба да знаете
Последни објави