Search

Приведени двајца тетовци, полицијата ги фатила со хероин

Полицијата приведе две лица од Тетово кај кои бил пронајден хероин.

МВР јави дека апсењето се случило синоќа во гостиварското село Градец, а станува збор за лица на 45 и 49-годишна возраст.

„При нивен претрес и преглед на возилото ‘киа’ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.С., бил пронајден хероин. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави