Search

Еден приведен за инцидентот во „Градска“

Едно лице е приведено, а против две лица ќе биде поднесена пријава за нарушување на јавниот ред и мир откако синоќа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” физички ги нападнале обезбедувањето и двајца полициски службеници.

Според информациите од МВР, приведен е 31-годишниот С.М. од Скопје бидејќи во 2.45 часот физички нападнал вработен од обезбедувањето на болницата и полициски службеници кои интервенирале по пријавата.

По целосно документирање на случајот, против С.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходно, директорот на болницата за медиумите го потврди инцидентот посочувајќи дека во раните утрински часови бил нападнат персонал и претставници на полицијата од страна на лица кои дошле како придружба на повреден пациент.

Треба да знаете
Последни објави