Search

Раниери може да го предводи националниот тим на Гвинеја

Познатиот италијански тренер Клаудио Раниери може да ја продолжи кариерата во Африка. Според „Л’Екип”, фудбалскиот стручњак чија последна работа беше во Рома се наоѓа на списокот на кандидати за функцијата селектор на Гвинеја.

Покрај Раниери, се разгледуваат уште неколку тренерски имиња меѓу кои и Португалецот Пауло Дуарте.

Последниот селектор на гвинејскиот национален тим беше Белгиецот Паул Пут.

Треба да знаете
Последни објави