Ацо Колевски е новиот претседател на Советот на јавни обвинители

Ацо Колевски е нов претседател на Советот на јавни обвинители. Едногласно, со 10 гласа – за, Колевски застана на чело на Советот. Тој немал противкандидат.

Колевски за себе вели дека зад себе има 30 годишно искуство во јавно обвинителската дејност.

Од Советот информираа дека уште вчера го испратиле до Собранието предлогот за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева.

 

Треба да знаете
Последни објави