(Видео) Момчето кое страда од ретко нарушување, само неговата мачка може да го смири

Момчето со посебни потреби, Џејден, често наидува на недоразбирање од другите затоа што тој самиот често не го разбира светот околу себе. Џејден страда од нарушување на сензорната интеграција и тоа влијае на неговите социјални и емоционални особини.

Децата со ова нарушување честопати се исклучуваат од светот и се повлекуваат во себе, а понекогаш им недостасува самоконтрола и се многу раздразливи и импулсивни во тие моменти.

Неговите родители се обидуваат да му помогнат колку што е можно повеќе и да му го олеснат животот, но суштеството кое најмногу и најефикасно му помага е неговата мачка Кити.

Кога Џејден добива напади, неговото милениче секогаш успева да го смири. Една таква сцена снимиле неговите родители со камера.

Треба да знаете
Последни објави