Фараж му понуди изборен пакт на Џонсон

Лидерот на британската Партија за брегзит, Најџел Фараж, му понуди на британскиот премиер Борис Џонсон „изборен пакт“ доколку земјата ја напушти ЕУ без договор, во спротивно ќе се соочи со битка за секое место на следните избори, пренесува „Ројтерс“.

Поминаа повеќе од три години откако Британија го изгласа брегзит со 52 отсто од гласовите оставајќи ја ЕУ „да виси во воздух“, отворајќи опции од бурен развод со Брисел, до мирен излез или дури и друг референдум.

Фарај, кој во 2013 година изврши притисок врз тогашниот премиер Дејвид Камерон да одржи референдум за ЕУ, рече дека има повеќе од 50 проценти шанси да се одржат избори во есен.

Треба да знаете
Последни објави