(Видео) „Ербас“ на „Ер Чајна“ се запали на аеродромот во Пекинг

Авион „ербас А330“ на „Ер Чајна“ се запалил во моментот кога патниците и екипажот се качувале принудувајќи ги на итна евакуација на непосредната област на аеродромот во Пекинг, пренесува РТ.

Нема извештаи за повредени, а службите за итни случаи се наоѓаат на местото на настанот и се борат со пожарот што избувна во товарниот дел од авионот. На снимките објавени на „Веибо“ се гледа дека кровот на авионот е целосно изгорен.

Авионот на летот ЦА976 се запалил по слетувањето по летот од Сингапур, во моментот кога се качувале новите патници. На снимките се гледаат патниците кои го снимале пламенот што го зафатил авионот.

Причините за пожарот се сè уште непознати.

Треба да знаете
Последни објави