Милошоски: Дескоска да си поднесе оставка

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од министерката за правда Рената Дескоска да си поднесе оставка.

Веднаш откако беше изгласана одлуката за Предлог-законот за ЈО, да се носи по скратена постапка, Милошоски изјави дека во мандатот на Дескоска има најголем политички и судски скандал.

-Бараме од другарката на Боки Tредичи, Рената Дескоска да си поднесе оставка зашто во нејзин мандат има најголем политички и судски скандал, рече Милошоски за случајот „Рекет“.

Дескоска му одговори дека нема намера да поднесе оставка.

-Еднаш Милошоски ми посака да не ме реконструираат и тоа беше застрашувачка порака, така што сега, штом ми бара оставка, за мене е комплимент. Јас не робувам на партиски интереси, не сум нивен сервис, одговори Дескоска на обвинувањата на Милошоски.

Според него, се злоупотребува европското знаменце за да се донесе Предлог-законот за јавно обвинителство. Сепак, најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во амандманската расправа по предложеното законско решение.

Повтори дека судските процеси на СЈО треба да продолжат, но оти како партија сметаат дека треба да се почитува постоечкиот закон на СЈО каде, како што рече, пишува дека мандантот на помошниците обвинители не може да биде подолг од мандатот на специјалната обвинителка. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека обвинителите од СЈО треба да се вратат во обвинителствата од кои што дошле.

Треба да знаете
Последни објави