Движењето пет ѕвезди ги суспендира преговорите со демократите

Владејачкото италијанско Движење пет ѕвезди денеска соопшти дека нема повторно да учествува во преговорите за формирање на влада со опозициската Демократска партија се додека партијата јавно не се обврзе на нова коалиција, предводена од премиерот во заминување Џузепе Конте.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела на двете партии им даде рок до утре да постигнат договор за формирање на нова влада. Доколку тоа не се случи, Матарела ќе именува нова преодна влада или ќе распише нови извори.

Опозициската Демократска партија претходно изрази подготвеност да соработува со Движењето пет ѕвезди со цел да се формира проевропска коалиција и да се спречат предвремени избори, како и евентуално самостојно доаѓање на власт на Матео Салвини, кој во моментот има најголема поддршка кај гласачите.

Треба да знаете
Последни објави