Search

Макрон им подари на лидерите од Г7 часовници од рециклирана пластика

Лидерите од на Г7 добија необичен подарок од францускиот претседател Емануел Макрон по Самит на Бијариц – рачни часовници изработени од пластика, собрана од океан и рециклирана, објави ТАСС, повикувајќи се на телевизискиот канал БФМТ.

Ремчето на часовници е направено во националните бои на Франција – сина, бела и црвена. Куќиштето на часовникот е црно, а бројчаникот темно син.

Темата за климатските промени и катастрофалните пожари во Амазонските прашуми беа една од темите за која разговараа шефовите на влади или држави од седумте најразвиени земји во светот.

Треба да знаете
Последни објави