Search

Два гола на Кејн за пресврт и триумф на Тотенхем над Астон Вила

Тотнем со пресврт во завршницата ја доби пресметката со Астон Вила на стартот од Премиер лигата, откако гостите водеа до 73 минута, а потоа на ссцена стапи капитенот Хари Кејн, кој со два гола им донесе победа на домачините од 3:1.

Астон Вила се закани и поведе со голот на Џон Мекгин во деветтата минута, а тимот на Маурисио Покетино долго ја бараше својата игра. Новото засилување Тангуј Ндомбеле ја искористи дебитанската шанса и израмни во 73.минута, а потоа на сцена стапи капитенот Хари Кејн. Напаѓачот, кој промаши зицер во првиот дел, доби подарок топка во 86. минута и рализираше за 2:1, а четири минути подоцна и стави точка на триумфот за Тотенхем.

Треба да знаете
Последни објави