Search

Пеналите му донесоа успех на Манчестер Јунајтед против Милан

Манчестер Јунајтед го совлада Милан во последната контролна пред почетокот на сезоната.

„Црвените ѓаволи” победија со 5:4 по пенали на Интернационалниот куп на шампиони, одигран во Кардиф.

Дуелот заврши 2-2 во редовното време. Рашфорд го отвори резултатот за „црвените ѓаволи”, додека Сусо и автогол на Линделоф донесоа пресврт за „росонерите”. Голот на Лингард го однесе натпреварот на пенали, а таму синот на Паоло Малдини, Даниел пропушти пресуден пенал кој му овозможи на новото засилување на Јунајтед – Даниел Џејмс да донесе успех за англичаните.

Треба да знаете
Последни објави