Search

Ѓилас: Победата во борбата за слободна Србија сами ќе ја извојуваме

Претседателот на опозициската Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас денеска изјави дека е добро што меѓународната заедница го препознала она што се случува во Србија, што може јасно да се види од извештајот на Европската комисија и изјавите на странските политичари.

– Одлуката за бојкот на изборите, освен ако не се прифатат барањата на опозицијата и се применат препораките на Експертскиот тим на протестите „1 од 5 милиони”, ја донесовме во договор со граѓаните и таа не може да се смени. Довербата која ни ја дадоа потписниците на Договорот со народот нема да ја изневериме. Затоа, без оглед на последиците, ние остануваме посветени на идејата да во земјата во која нема слобода и демократија, нема ниту избори, наведе Ѓилас.

Тој додаде дека во борбата за основните демократски и европски вредности очекува поддршка од сите оние кои веруваат во тие вредности.

– Но, тоа пред сè е наша борба и ние мора да победиме сами, како и многу пати во нашата историја, додаде Ѓилас.

Американскиот заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Метју Палмер во вчерашното интервјуто за Гласот на Америка истакна дека САД се надеваат оти опозицијата во Србија ќе се откаже од бојкотот на изборите и дека ќе постигне договор со претставниците на власта за изборните услови.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави