Search

Шесткратниот убиец од Загреб извршил самоубиство

Загрепската полиција соопшти утрово дека шесткратниот убиец на лица од едно семејство извршил самоубиство.

– За време на потрагата беше лоциран во Брезовица. При обидот за апсење извршил самоубиство, соопштија од полицијата во Загреб. Убиството на шест лица беше извршено околу 21.30 синоќа.

Во населбата Кајзерица, во Нови Загреб беа убиени се шест членови од едно семејство, а полицијата интензивно трагаше по сторителот.

„Јутарњи лист” објави дека шест члена на исто семејство биле убиени, а седуммесечно бебе е единственото преживеано.

Љубомората се споменува како мотив за убиствата, објави Јутарњи лист.

Станува збор за семејно насилство во кое маж ги убил својата поранешна сопруга и нејзиниот нов партнер во нивната куќа. Убиени се три жени, двајца мажи и десетгодишно дете. Жените и детето биле убиени пред куќата, а мажите внатре, едниот во ходник, другиот во соба.

Петтото дете, седуммесечно бебе, е рането и хоспитализирано во детска болница.

Треба да знаете
Последни објави