Search

Трамп : Пјонгјанг ги прекрши резолуциите на ОН, но не и договорот со мене

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неодамнешните ракетни тестови на Северна Кореја ги прекршија резолуциите на ООН, но не го нарушиле неговиот договор со лидерот Ким Џонг-ун.

Трамп во серијата пораки објавени на Твитер, наведе дека не верува дека Ким Џонг-ун „сакал да го разочара со нарушување на довербата“. Тој смета дека Северна Кореја има многу повеќе да добие, но и да изгуби.

Северна Кореја претходно испука ракети по трет пат за осум дена, а аналитичарите велат дека со тоа таа сака да ги зајакне своите воени способности и да изврши притисок врз САД и Јужна Кореја, кои бараат да се обноват разговорите за денуклеаризација.

Треба да знаете
Последни објави