Search

Тадиќ: Вучиќ ќе прифати менување на изборните услови само ако странците се заканат со стап

Поранешниот српски претседател и лидер на Социјалдемократската партија, Борис Тадиќ, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ ќе прифати менување на изборните услови во насока на нормализација, само доколку таквиот налог пристигне од меѓународната заедница и доколку му се заканат „со стап”.

-Потребен е посредник од меѓународната заедница, но немам информации дека некој таков доаѓа, рече Тадиќ на денешната прес-конференција, по најавата за продолжување на разговорите меѓу власта и опозицијата околу условите за избори.

Според него, за некои од меѓународната заедница поважно им е Вучиќ да го „испорача” независно Косово, отколку демократијата во Србија.

Тој истакна дека е резервиран за разговорите меѓу властите и опозицијата и дека треба да се биде многу внимателен да не им се дава легитимитет на такви лица како што се (пратеникот на СНС) Владимир Ѓукановиќ и (министерот за внатрешни работи) Небојша Стефановиќ.

-Од властите мора да биде некој веродостоен, пристоен, кој не ја етикетираше и навредуваше опозицијата, рече Тадиќ, додавајќи дека вакви личности има во власта.

Треба да знаете
Последни објави