Search

Столтенберг: Нема барање до НАТО за почнување мисија во Ормутскиот залив

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави денеска дека Алијансата засега нема добиено никакво официјално барање за почнување мисија во Ормутскиот теснец.

САД претходно предложија засилено обезбедување во теснецот, за да се обезбеди една од клучните рути за превоз на нафтата, наведуваат британските медиуми.

Тензиите меѓу САД и Иран се на многу високо ниво од соборувањето на американскиот дрон, а потоа со запленувањето на иранскиот танкер со нафта кај Гибралтар.

Треба да знаете
Последни објави