Search

Мигранти од Етиопија умреле на брод од глад и жед

Најмалку 15 мигранти од Етиопја загинаа откако бродот со кој требало да бидат пренесени во Јемен се расипал и седум дена бил носен од морските струи, додека луѓето на него биле без храна и вода, објави Организацијата за миграција (ИОМ).

Според преживеаните, некои луѓе починале од глад и жед, а некои се удавиле.

Во објавата од ИОМ на „Твитер“ се наведува дека некои луѓе успеале да стигнат до Јемен, но, сепак, починале пред да добијат лекарска помош.

Јемен повеќе од четири години е во граѓанска војна, а луѓето страдаат од глад.

Меѓутоа, илјадници мигранти, претежно од Рогот на Африка доаѓаат секоја година со надеж дека ќе стигнат до богатите арапски земји.

Треба да знаете
Последни објави