Search

Коштуница е виновен за палењето на американската амбасада во Белград

„Главниот виновник за нападот врз американската амбасада во Белград е поранешниот српски премиер Воислав Коштуница и тоа со години го кажувам јавно, изјави поранешната заменичка на амбасадорот на САД во Белград, Џенифер Браш, во интервју за Гласот на Америка.

Таа тврди дека Коштуница кажал да не се реагира на палењето на амбасадата.

Поранешната зграда на дипломатската мисија на САД на улицата Кнез Милош во Белград беше запалена за време на протестите „Косово е Србија” во февруари 2008 година, неколку дена откако Косово прогласи независност од Србија.

-Немаше никаква реакција, која нè вчудоневиди. Подоцна, од очевидци дознав дека тогашниот премиер Воислав Коштуница за време на овој напад присуствувал на служба во храмот Свети Сава, каде што ја добил информацијата за нападот врз американската амбасада, рече Браш.

Неговиот одговор бил приближно: „Немојте да реагирате”, објасни Браш.

Коштуница и нареди на полицијата да не преземе ништо. Добро е што сега неколку тогашни високи полициски службеници се подготвуваат за судење во Белград, но главниот виновник одговорен за нападот е тогашниот премиер Воислав Коштуница, повтори Браш, додавјќи дека случајот се одлага 11 години, што говори за неподготвеноста на Владата на Србија.

Треба да знаете
Последни објави