Search

Концерт на Пламенка Трајковска-гудачки квартет во Гостивар

Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска ќе реализира концерт со наслов „Музика и филм“ на 1 август во 20 часот во НУЦК АСНОМ Гостивар.

На програмата се музички теми од познатите филмови Пиратите од карибите, Џемс Бонд, Мирисот на жената, Шиндлерова листа и други филмови. Ќе бидат изведени композиции од култните композитори на филмската музика Џон Вилијамс, Енио Мориконе, Ханс Цимер но и сосема класични автори чија што музика е застапена во филмовите.
Музичките теми ќе бидат изведени од гудачки квартет во аранжман на Пламенка Трајковска. Сите композиции ќе бидат илустрирани со музички клипови од филмовите кои дополнително визуелно ќе ја поткрепуваат музичката креација.

Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Маја Михајловска на виолончело.

Пламенка Трајковска – гудачки квартет досега има реализирано бројни концерти со единствена цел доближување на класичната музика до најшироката публика. Ваков сличен концерт со музика од цртаните филмови наменет на детската публика тие успешно реализираа во април во Кичево а сега возрасните гостиварчани ке имаат можност да уживаат во нивното музицирање со филмски теми. Концертот се реализира по повод одбележувањето на Илинден и е поддржан од Министерството за култура.

Треба да знаете
Последни објави