Search

Грабар-Китаровиќ: Не кажав дека БиХ е нестабилна и исламистичка држава

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави денеска дека не кажала оти БиХ е нестабилна и исламистичка држава, што предизвика низа реакции.

– Апсолутно не кажав дека БиХ е нестабилна и исламистичка… Треба малку да се размисли за односите меѓу БиХ и Хрватска. БиХ презема низа чекори кон Хрватска кои се многу агресивни, од обвинувања за илегална работа на нашите тајни служби до закани кон правосудните органи, истакна Грабар-Китаровиќ.

„Џерусалим пост” објави вчера, пренесувајќи детали од затворениот состанок меѓу хрватската претседателка и нејзиниот израелски колега Рувен Ривлин, дека Грабар-Китаровиќ истакнала оти БиХ „е многу нестабилна и дека на одреден начин ја презеле луѓе кои се поврзани со Иран и терористички организации”.

Таа денеска ги демантираше новинарските наводи, додавајќи дека не и е јасно од каде дошло до таква изјава.

– Реков дека сакам сите наши соседни земји да ги видам колку е можно побрзо во рамки на членството во ЕУ. Не знам како дошло до таа изјава, не разговарав ниту со еден новинар, освен што беа две прес-конференции. Тоа се коментари на коментари на една новинарка, тоа не го кажав, повторувам. Ги отфрлам коментарите и реакциите кои пристигнуваат од БиХ, посебно оние дека Хрватска води „фашистичка политика” кон БиХ, нагласи Грабар-Китаровиќ.

Треба да знаете
Последни објави