Search

(Видео) Ракета „Сојуз МС-12“ со залихи за МВС лансирана од Бајконур

Руска ракета „Сојуз-2.1а“ со карго-летало „Прогрес МС-12“ беше успешно лансирана во денеска од космодромот „Бајконур“ до Меѓународната вселенска станица (МВС).

Лансирањето беше емитувано на веб-страницата на руската државна вселенска корпорација „Роскосмос“.
„Прогрес МС-12“ се очекува да се одвои од третата фаза на ракетата за девет минути.

Пристигнувањето на МВС се очекува да се случи во 15:35 часот.

Според „Роскосмос“, карго-вселенското летало ќе испорача на МВС два тони сув товар, повеќе од еден тон гориво, 420 кг вода и 50 кг компресиран гас, како и храна за астронаутите.

Треба да знаете
Последни објави