Search

(Видео) Гол Британец скокнал во смрт од панорамско тркало во Италија

Италијанската полиција ги испитува околностите на инцидентот во кој гол Британец паднал од панорамско тркало во римини, Италија, откако претходно бегал од полицијата, пренесува британски „Сан“.

Според извештаите на медиумите, инцидентот се случил минатиот викенд, на 29 јули.

Луѓето во Римини забележале маж кој се качил на панорамското тркало високо 45 метри. Еден од очевидците рече дека туристот најпрво бегал од полицијата, а потоа се искачил на тркалото каде што се соблекол гол и неколку минути подоцна скокнал.

Во тоа време тркалото не се движело бидејќи операторот го запрел.

Треба да знаете
Последни објави