Search

Турција испраќа опсервациски тим во Синџијанг

Турција ќе испрати тим за набудување во кинескиот регион Синџијанг, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, откако разговараше за состојбата на Ујгурите со кинескиот колега Ванг Jи.

Кина се соочува со зголемени меѓународни критики поради воспоставувањето центри за обука за борба против екстремизмот во Синџијанг, кој претежно е населен од муслимански Ујгури кои зборуваат турски, а за кои многу западни држави сметаат дека се присилни работни кампови.

Турција е единствена муслиманска држава која редовно изразува загриженост за ситуацијата во Синџијанг, за што зборуваше и нејзиниот претставник на седницата на Советот за човекови права во ОН во февруари, што предизвика негативни коментари во Кина.

Треба да знаете
Последни објави