Search

Еквадор воведува визен режим со Венецуела поради мигрантите

Властите на Еквадор одлучија да воведат визен режим со Венецуела поради големиот број венецуелски мигранти.

– Ќе има два вида визи. Едни за Венецуелците, кои веќе се наоѓаат во Еквадор. Ако не ги кршат еквадорските закони тие ќе можат да добијат престој во земјата поради хуманитарни причини. Вториот тип на визи ќе се за Венецуелците кои сакаат да влезат во Еквадор во согласност со законите за миграција, изјави претседателот на Еквадор, Ленин Морено.

Тој истакна дека во Еквадор има околу 500.000 државјани на Венецуела, при тоа додавајќи оти неговата земја не може да прима повеќе мигранити.

Визен режим со Венецуела веќе воведе Перу.

Треба да знаете
Последни објави