Search

Пјаниќ: Никогаш не сум сакал да го напуштам Јувентус

Плејмејкерот на Јувентус, Миралем Пијаниќ, ги отфрли сите гласини дека во моментов бара начин да ги напушти „бјанконерите”. Бошњакот изјави дека за таква идеја дури не ни помислил.

Дваесет и девет годишниот поранешен фудбалер на Лион и Рома, призна дека не е сигурен дали клубот ќе сака да го задржи после разочарувањето од напуштањето на Лигата на шампионите минатата сезона. Уште повеќе, „црно-белите” се засилија со двајца нови играчи во средниот ред – Арон Ремзи и Адриен Рабио.

Сепак, пристигнувањето на Маурицио Сари како ментор ја променило ситуацијата, бидејќи наследникот на Масимилијано Алегри ветил дека ќе го стави Пијаниќ во центарот на средниот ред.

– Со оглед на неговиот фудбал, мојата позиција е многу важна. Мојата задача е да направам 150 допири со топката за време на натпреварот. Без разлика дали тоа е 120 или 150 – не ми е важно. Она што е важно е да играм добро, да ослободам простор за моите соиграчи и да создавам стил на игра, која е пријатна за окото. Ќе се забавуваме со овој тим. Никогаш не сум мислел да го напуштам Јувентус. Имав неверојатни односи со Алегри и многу се смеевме на овие шпекулации. Многу сум среќен во Торино, опкружен со фантастични фудбалери и сакам да бидам уште подобар и да им помогнам на моите соиграчи, вели Бошњакот за „Ла Стампа”

Треба да знаете
Последни објави