Search

(Видео) Хорор во Панчево: Ја заклал сопругата на сред улица

Петар М. (64) од Панчево денеска ја убил својата поранешна сопруга Десанка М.(60) во центарот на градот пред очите на десеетици минувачи. Десанка им подлегна на повредите во болница во Панчево, а нејзиниот поранешен сопруг билуапсен по нападот.

Десанка М. била прободена пред автобуската станица во Панчево, а нејзиниот поранешен сопруг се обиде да избега, но бил спречен од шоферите на локалното транспортно претпријатие. Тие го држеле убиецот додека да дојде полицијата.

Во исто време минувачите се обидувале да ја спасат жената, која крварела на улицата. Таа сепак, им подлегнала на повредите на вратот, но и на стомакот кога Петар со нож ја нападнал од грб.
Двајцата не живееле заедно бидејчи во тек била бракоразводна постапка, а Десанка живеела во Сигурна куќа, а тој имал забрана да и се доближува. Убиецот, сепак, ја нашол сопругата и ја нападнал. Видео од местото н злосторството може да видите на следниов линк: Блиц

Треба да знаете
Последни објави