Search

Тешко повреден мотоциклист од Неготино

Утрово во 2.15 часот во Неготино било пријавено дека на улицата Индустриска се случила сообраќајка во која И.П (27) од Неготино, управувајќи мотоцикл „џилера“ изгубил конторла и паднал.

Од падот мотоциклистот се здобил со тешки повреди по што бил пренесен во Медицински центар во Неготино.

Увид извршила увидна екипа на ПС Неготино.

Треба да знаете
Последни објави