Search

„Кашикара“ фрлена пред кафуле во Прилеп, нема повредени

Рачна бомба „кашикара“ денеска на пладне била поставена во кафуле во центарот на Прилеп, но за среќа навреме била откриена и не експлодирала.

Бомбата била оставена под столица во надворешниот дел на локалот.

Полицијата во моментот го обезбедува просторот, повикана е противпожарната единица известена е и се очекува да пристигне антитерористичка единица од Скопје.
Се уште не се знае дали е оставена или фрлена рачната бомба.

Фото: Нетпрес

Треба да знаете
Последни објави