Search

Истражување: Лицата со оштетен вид во земјава без пристап до правдата

Коалицијата Сите за правично судење, во периодот од декември 2018 до март 2019година, направи истражување за физичката пристапност на 10 основни судови во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Тетово и Гостивар и нивните услуги од аспект на физичкиот пристап до правда. Податоците се добиени од 16 набљудувачи, кои спроведуваат мониторинг на граѓански судски постапки од аспект на физичкиот пристап до правда во Основните судови во Северна Македонија. Ова истражување е проверка на состојбите утврдени во периодот септември- декември 2018.

,,Во набљудуваните судови не постојат тактилни ленти, Браилово писмо, ниту прилагоден фонт на текстот за лица со оштетен вид или потешкотии во читањето. Во најголемиот суд Основен суд Скопје- граѓански суд, лифтот е нефункционален, а судот не поседува судница на приземјето како би можело да се олесни пристапот до правда на лицата кои се соочуваат со попреченост. Имајќи го ова во предвид на овие лица им е ограничено правото на фер и правично судење под еднакви услови како за сите, согласно со законите и меѓународните прописи. Ситуацијата не е променета од истражувањето направено во периодот септември- декември 2018.

Коалицијата Сите за правично судење со оваа активност, преку мониторинг на имплементација на домашните закони и меѓународните стандарди, ќе даде поддршка за подобрување на пристапот и квалитетот до правда. Посебен фокус ќе се даде на граѓанските судски постапки и ранливи категории на граѓани (маргинализирани групи и лица со попреченост) во четирите апелациони региони: Скопје, Гостивар, Битола и Штип. Истражувањето беше направено со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество”, се вели во истражувањето.

Треба да знаете
Последни објави