Search

(Видео) Коза пливаше покрај јахта во морето во Хрватска

На социјалните мрежи во Хрватска се прошири снимка од коза која некаде во Далмација пливаше во морето покрај луксузна јахта.

Според хрватскиот портал „Морски“, ова лето се забележани бројни животински видови како пливаат во Јадранското Море – змија, кокошка, а сега и коза.

https://www.facebook.com/DnevnadozaprosjecnogDalmatinca/videos/449332962553713/?t=0

Покрај бројните коментари во врска со ова видео, особено се издвојува оној во кој корисник на социјалните мрежи ги кани туристите да дојдат во Хрватска и да ја посетат првата зоолошка градина во морето.

Треба да знаете
Последни објави