Search

Над 40 швајцарски војници хоспитализирани со стомачни болки, четворица во критична состојба

Над 40 војници и регрути од академија во Швајцарија беа примени вчера во болници по влошување на здравствената состојба. Четворица од нив се во критична состојба.

Федералниот оддел за одбрана соопшти дека 43 лица од воената академија во кантонот Берн вчера попладне добиле силни абдоменални болки, дијареја и повраќање.

– Сите 43 лица се префрлени со амбулантни возила и хеликоптери во болници, се нагласува во соопштението.

Засега нема извештаи за причината на епидемијата.

Треба да знаете
Последни објави