Search

Конгресменот Џастин Амаш ја напушта Републиканската партија

Републиканскиот конгресмен Џастин Амаш ја напушти партијата и изјави дека отсега ќе настапува како независен.

Тој својата одлука ја образложи во авторска колумна, објавена денеска во „Вашингтон пост”

-Од денеска се декларирам како независен и ја напуштам Републиакнската партија. Без разлика во каква ситуација сте, ве замолувам да ми се придружите во отфрлање на партиската лојалност и реторика која нè дехуманизира. Ве замолувам да верувата дека можеме подобро од овој двопартиски систем. Да работиме на тоа. Ако ја земаме Америка здраво за готово, можеме да ја изгубиме, напиша тој.

Амаш е еден од ретките републикански конгресмени кои го критикуваат претседателот Доналд Трамп, и првиот кој повика на импичмент против него.

Треба да знаете
Последни објави