Search

Европските Зелени со остра критика за изјавите на Макрон за проширувањето

 Партијата на Европските Зелени, по повод Самитот за Западен Балкан кој се одржува во Познањ, во рамките на Берлинскиот процес, побара во најкус можен рок да започнат преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.

-Европската Унија ризикува да предизвика повторно оживување на национализмот на Западниот Балкан ако го забави процесот на отворање на вратите за пристапни преговори за регионот. Коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон неодамна за перспективите за проширувањето длабоко одмагаат и ја поткопуваат тешката задача на постигнување консензус, стои во соопштението на Европските Зелени.

Тие потсетуваат дека е втор пат да се одложат преговорите и покрај препораката на Европската Комисија.

-Нема причина внатрешната реформа на ЕУ и пристапните преговори да не се водат симултано. Уште едно одбивање во октомври годинава може да го стави во опасност целиот процес и да доведе во обновување на тензии кои би биле катастрофални за ЕУ во целост, стои во соопштението.

За Зелените е од суштинско значење министрите овие денови во Познањ да ги имаат предвид напорите кои ги вложи Северна Македонија за решавање на спорот со Грција.

Треба да знаете
Последни објави